Српската полиција кај Владичин Хан заплени околу 80 килограми марихуана, скриена во камион со македонски регистарски таблички.
Притоа, е уапсен 69-годишен македонски државјанин, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи.
Во резервоарот и други празни места од камионот имало 131 пакет марихуана, со вкупна тежина од околу 80 килограми.
Против возчаот И.И. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење сомнение за извршено кривично дело „неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги“.
– Марихуаната е откриена во рамки на зголемените активности за откривање криминални групи кои се занимаваат со шверц на наркотици, како и за пресекување илегални канали, се наведува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Интерпол заплени 500 тони лажни лекови во 116 земји