| четврток, 6 декември 2018 |

Молотов коктел фрлен во кафе-барот „Круг“ во Дебар Маало

Угостителскиот објект што се запали пред два дена на улицата „Наум Наумовски Борче“ е кафе-барот „Круг“. Пожарот избувнал отккао во барот среде бел ден, во Дебар Маало, бил фрлен Молотов коктел. Во моментот кога бил фрлен „молотовиот коктел“ во локалот се наоѓал и сопственикот.

Иако инцидентот се случи среде Центар, во најпрометен дел од градот, МВР нема никакви резултати во истрагата.

Во полицискиот билтен потенцираат дека сторителот е сѐ уште непознат и дека допрва се превземаат мерки за расчистување на настанот.

„На 19.12.2017 година во 03.50 часот во Скопје, на улицa „Наум Наумовски Борче“ во угостителски објект соственост на З.К.(46) од Скопје, од страна на непознат сторител фрлено е стаклено шише во кое најверојатно имало запалива материја и на местото каде што паднало, настанал пожар. Пожарот е локализиран од страна на чуварот во угостителскиот објект, при што скршено е стакло од влезната врата од локалот, а повредени лица нема. Извршен е увид на место на настанот, се преземаат мерки за расчистување на случајот“ информираат од МВР.

Ова е само еден од низата настани кои не се расчистени од полицијата на СДСМ и Спасовски. Меѓу нив се и убиства, тешки кражби, разбојништва. Народот живее во страв, а скопјани оправдано се загрижени за својата безбедност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top