| четврток, 6 декември 2018 |

Австралија: Џип влетал меѓу пешаци, 19 се повредени, луѓето летале насекаде (видео)

Најмалку 19 лица, меѓу кои и едно дете, се повредени денеска во австралискиот град Мелбурн, кога џип влетал во голема група пешаци. Според полицијата, возачот намерно удрил во пешаците. Мотивот дополнително ќе се утврдува.

Pedestrians walk past as police and emergency services attend the scene of an incident involving a vehicle and pedestrians in Melbourne, Thursday, Dec. 21, 2017. Police have arrested a driver after a car drove into pedestrians on a sidewalk in central Melbourne. (Kaitlyn Offer/AAP Image via AP)

Нападот се случил на улицата „Флиндерс“ во центарот на градот, во време кога многу граѓани излегуваат на пауза од работа. Според очевидци возачот се залетал кон групата луѓе кои минувале на пешачкиот премин и удрил во нив со брзина од 100 километри на час, при што тела „летале во воздухот“.

Покрај возачот, полицијата уапси и уште едно лице кое се наоѓало во белиот џип.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top