| четврток, 6 декември 2018 |

Колку трае породилното отсуство во другите земји низ светот?

Најмал временски период на платено породилно отсуство од два месеци има во САД. Од друга страна, Естонија нуди и повеќе од година и пол платено отсуство, со што стана земја со најдобри услови и бенефиции за бремени жени.

Други земји што нудат платено породилно отсуство од една година се Бугарија, Романија, Јапонија, Литванија, Австрија, Чешка, Норвешка, Словачка и други.

Дури во 19 од 41 земја, поголемиот дел од платеното отстуство се однесува на породилното за жената, а во 31 земја и татковците имаат право да го користат отсуството. Сепак, нивното отсуство е поскромно и изнесува во просек две недели. Исклучок се Јапонија (30 недели) и Кореја (16 недели).

Португалија, Луксембург и Норвешка нудат околу два месеци родителско отсуство за татковци.

На Кипар, во Израел, Турција, Ирска, Швајцарија и Нов Зеланд, платеното отсуство се однесува на раѓање и грижа за бебето, но татковците немаат платено родителско отсуство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top