| четврток, 6 декември 2018 |

Пошла за Германија: Девојка пријавила пршута, а во торбата золја и ракетен фрлач (ФОТО)

Дваесет и петгодишна девојка била уапсена на граничниот премин Стара Градишка на влезот во Хрватска во автобус кој од Херцеговина патувал за Германија.
Во торбата на девојката, која на цариникот му пријавила дека носи пршута за болниот брат во Германија, цариникот пронашол три золји и ракетен фрлач RPG 22. Оружјето било прекриено со зимска јакна.


Се бранела дека торбата ѝ ја дал сопругот со кој се разведува. Ѝ рекол дека има пршута, а таа не отворила за да види што има навистина во торбата со која патува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top