| четврток, 6 декември 2018 |

Услови за работа од соништата: Уживајте во луксузот, ќе ви биде платено

Работата која секој млад човек би ја посакал е патување низ светот, а замислете дури и сето тоа да ви биде платено. Што всушност би требало да работите?

Описот на работата е патување по светот три месеци со сите платени трошоци и плата од 10.000 долари месечно.

Работата подразбира престојување во најлуксузните вили.

Идниот работник мора течно да говори англиски јазик, мора да го цени луксузот и префинетите нешта и да биде склон кон делење на своите искуства со светот преку блог, како и други социјални медиуми.

Личноста мора да биде и изразено писмена, комуникативна, авантуриста и слободна да патува низ светот од август до ноември, пренесува Zimo.hr.

Потребно е искуство со социјалните медиуми, пишување, а добредојдени се и блогери, како и сите оние кои имаат способност за совршено изразување и претставување преку збор, фотографија и видео-снимки, а исто така мораат да бидат и искусни и снаодливи патници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top