| четврток, 6 декември 2018 |

Најгласниот секс на светот

Еднаш годишно милиони морски риби од видот “carvina drum“ се собираат во Мексико на оплодување, а звукот од нивното оргијање е толку гласен што ги оглувува останатите цицачи. Секое лето делтата на реката Колорадо во Мексико станува најгласното мрестилиште на светот. Научниците велат дека само една риба од овој вид произведува звук како „многу гласен калашников“ или како „маса луѓе кои навиваат на стадион“.
Колективното оргијање на овие риби е толку гласно што многу цицачи во нивна близина делумно или целосно го губат звукот.
„Нивната бучава е погубна за првите соседи – фоките, морските лавови и делфините, кои го губат слухот на неколку недели, а некои дури и засекогаш“, вели Тимоти Ровел, морски биолог од Универзитетот во Сан Диего.
Карвина може да порасне до еден метар, а тешка е 12 килограми, За жал, нивната љубовна бучава ги прави лесен плен, па брзо го привлекуваат вниманието на рибарите. Дури околу 500 мали бродови ловат по илјадници тони од оваа риба во времето за мрестење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top