| четврток, 6 декември 2018 |

Маж падна од трети кат во Чаир

Вечерва во 19.10 часот е пријавено дека на улица „Џон Кенеди“ бр.1 во Скопје пред зградата лежел маж, кој според пријавата во МВР, наводно паднал од третиот кат.

Подоцна е утврдено дека станува збор за станарот Ф.Ш. (34), кој живее на третиот кат.

Мажот со возило на Итна помош е однесен во Ургентен центар, а полициски иследници започнале истрага за немилиот настан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top