| четврток, 6 декември 2018 |

Првата фотографија од свадбата на Весна Змијанац

Хармоникашот и аранжер Мирољуб Аранѓеловиќ – Кемиш (58) и фолк-пејачката Весна Змијанац (59) во осумдесеттите поминале во брак цели три години, кои, спред зборовите на пејачката, биле повеќе од бурни. За нивниот брак многу малку се зборува, особено откако хармоникашот е во складен брак со колешката на Весна, Зорица Брунцлик. Неодамна се појави првата фотографија од нивната свадба. На неа се гледа дека пејачката сјае покрај младоженецот Кемиш, кој пред да стапи во брак со Весна, бил женет во Германија.

Колку и да бил бурен бракот на Весна и Кемиш, од оваа перспектива пејачката вели дека го памти по добро.
– За мене тоа бе а убави години. Прекрасен сопруг беше, но нашиот брак немаше перспектива. Се што е убаво кратко трае и брзо проаѓа. Тоа беше навистина турбулентен период во нашите животи. Бевме млади, вели Весна.
Кемиш има своја верзија.
-Јас и Весна се разделивме како луѓе. Кога се разделивме, имав стан, кревет на вода и многу девојки. Не ми паѓаше на памет да се врзувам. По некое време во мојот живот влезе Зорица и внесе друга димензија. Мојата сегашна сопруга не ме украде од Весна, туку самиот одлучив да заминам.
Бунцлик, пак, раскажува како ја завел Кемиш.
-Кемиш и уште двајца колеги се натпреваруваа кој прв ќе ме заведе. мене никој ништо не ме праша. Бев млада и тазе разведена, лесен плен. И Кемиш мислеше дека ќе удри рецка, и удри. Сепак, малку подолго остана со мене, вели Зорица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top