Со почетокот на 2018 година во соседна Грција започнува и забраната за служење наливно масло во рестораните, а доколку ја прекрши забраната, тогаш угостителот ќе плати казна од 500 евра.
Оваа забрана доаѓа откако повеќе пати било посочено дека се служи неквалитетно масло на гостите и дека на овој начин ќе се заштитат и потрошувачите, кои често се туристи од други земји.
Регулативата предвидува во рестораните да се употребува масло во запечатени шишиња за еднократна употреба. На етикетите мора јасно да е напишано каков е квалитетот на производот внатре. Откако ќе се потроши маслото, шишињата треба да се фрлат, а не повторно да се користат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


