| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарската влада не ни да претпоставила дека биткоинот ќе ѝ помогне го отплати националниот долг

 

Проценетата вредност на запленетите биткоини изнесува 3,2 милијарди долари, односно чини една четвртина од бугарскиот национален долг.

За време на стандардните полициски акции во кои се уапсени локлни сајбер криминалци кои направиле вирус за откуп на криптовалутата биткоин, бугарската влада успеала да собере повеќе од 213.000 биткоини.

Бугарската влада не можела ни да претпостави дека биткоинот може да ѝ помогне да го отплати националниот долг и да излезе од кризата што ѝ се заканува.

Медиумите со денови давале графички приказ на кој биткоинот вртоглаво расте. Според таа проценка на запленетите биткоини вредат 3,2 милијарди долари што чини една четвртина од бугарскиот национален долг.

Европски официјални претставници на 19 мај објавиле соработка со бугарските власти, за успешно завршена PRATKA/VIRUS операција во областа на сајбер криминал. Во изјава на SELEC вебсај, стои дека здружената акција резуртирала со запленување на 213.519 биткоини.

Се наведува дека биткоини одземени од криминална група кои ја сочинуваат бугарски граѓани кои имаат врски со Македонија, Грција, Романија и Србија. Тие се теретат дека регрутирале корумпирани полицајци во сите споменати земји како би уфрлиле вирус во комјутеризирани царински системи. Вирусот требал да им овозможи на хакерите да ги заобиколат сите процедури и да го завршат транспортот на своите производи преку граница, да изгледа како товар кој е проверен на граница, а не е.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top