| четврток, 6 декември 2018 |

Свонси го отпушти Пол Клемен

Англискиот премиерлигаш Свонси одлучи да го отпушти досегашниот менаџер Пол Клемен поради слабите резултати на тимот во шампионатот. Свонси е последнопласиран тим на табелата во Премиер – лигата, и има само 12 бода по 18 кола во првенството.

„Ова е последната работа што сакавме да ја направивме, но едноставно сме принудени на ваков чекор. Резултатите на тимот се далеку под очекувањата, а во една таква ситуација, менаџерот мора да ја понесе одговорноста“, изјави претседателот на клубот, Хјув Џенкинс.

Клемен во јануари дојде на кормилото на Свонси и си заминува по нецела година како менаџер на овој тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top