| четврток, 6 декември 2018 |

Бурим Идризи е момчето убиено во Чаир (ФОТО)

Момчето убиено на автобуската во Чаир со калашников од југо во движење е Бурим Идризи, роден 1993 година.

Убиството се случи на улицата „Џон Кенеди“, на автобуската станица во близина на средното училиште „Цветан Димов“.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидна екипа на Министерството за внатрешни работи врши увид на местото на настанот каде што денеска околу 18 часот е застрелано едно лице, соопштуваат од обвинителството .
Првичните сознанија се дека пукањето следело по вербална расправија помеѓу сега починатиот и сторителот, по што сторителот посегнал по огнено оружје и го застрелал 24-годишното момче. Од здобиените повреди кај жртвата настапила смрт. Сторителот се дал во бегство.

По наредба на јавен обвинител се подигаат траги од лице место кои ќе бидат предмет на обработка. Издадена е и наредба за обдукција на починатото лице. Основното јавно обвинителство Скопје работи на утврдување на фактите во кривично-правниот настан за што јавноста ќе биде дополнително информирана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top