| четврток, 6 декември 2018 |

Со нивниот измет и најбогатите си ја бришат устата

Резерват на панди во конеската провинција Сечуан склучил договор со една фабрика за рециклирање, да ѝ доставуваат измет од панди за производство на тоалетна хартија и салфетки, пренесува Би-би-си.
Со оглед на тоа дека панда дневно јаде и по 50 кг храна, односно делови од бамбус, празнењето е петпати полесно од внесената храна, односно 10 кг.
Тоа претставувало сериозен проблем за резерватот, кој немал идеја што да прави со толку многу фекали. Сепак, бидејќи изметот од пандите се разлинува од оној на многу животни, дошле до решение дека може да им помогне на производителите на хартија. Така и дошло до договор со фирмата „Фенгшенг“, зашто изметот на пандите не содржи траги од фруктоза и други сусптанции.

Пакување бришачи изработени од измет од панди во Кина може да се купи за 43 јуани, односно околу 5 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top