| четврток, 6 декември 2018 |

Косовци признаа дека подготвувале напад на тимот на Израел

Кенан Пљакај и Бесарт Пеќи од Косово признале дека се виновни за планирање напад на израелски фудбалски тим. Израел играше против Албанија квалификациски натпревар во 2016 за светско првество.
-Ја прифаќам вината, рекол Пљакај пред судот, а истото го сторил и второобвинетиот Пеќи.
Пљакај е обвинет за правење експлозив откако полицијата во неговиот дом пронашла половина килограм експлозив, се наведува во обвинението.
Во ноември минатата година косовската полиција уапсила 19 лица поради сомнение дека имале контакти со ИД и дека планирале напади во Косово и во соседна Албанија, пренесува Ројтерс.

Државниот обвинител на Косово рекол дека некои од нив имале контакти со Љаврид Мухаџери, самопрогласен командант на Албанците во Сирија и Ирал, кои се борат на страната на ИД, и токму тој го наредил планирањето и изведувањето на нападот.
Според податоци на полицијата, Мухаџери е убиен во јуни годинава во Сирија.
Најмалку 200 лица од Косово се уапсени или против нив е поведена истрага заради дела кои се доведуваат во врска со ИД, а околу 300 граѓани на Косово заминале да се борат во Сирија за оваа екстремистичка група.
Во 2015 година Косово усвои закон според кој за учество во конфликти на странски боишта предвидена е затворска казна од 15 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top