| четврток, 6 декември 2018 |

Поради тампон манекенката Лорен Васер ќе остане без двете нозе

Дваесет и деветгодишната манекенка Лорен Васер, која остана без една нога поради синдромот на токсичен шок поради користење тампони, откри дека ќе ѝ биде ампутирана и другата нога.

Манекенката раскажа за тешкотиите со кои сè уште се соочува како резултат на синдромот на токсичен шок, вклучително и веројатноста дека лекарите ќе мора да ѝ ја отстранат и другата нога поради непрекинати компликации.

„За неколку месеци несомнено ќе ми ја отстранат и другата нога. Не можам ништо да сторам околу тоа“,  изјавила Васер, чии тегоби продолжуваат и шест години по првата ампутација.

Како почнало сè…

Девојката се соочила со животозагрозувачкиот проблем во 2012 година откако користела тампони за време на месечниот циклус. Кај неа прво се појавиле симптоми слични на грип, кои кулминирале со срцев удар поради што завршила во кома. Гангрена почнала да ѝ ги зафаќа двете нозе, што довело до ампутација на нејзината десна нога и ампутација на прстите на левата нога. Иако при операцијата лекарите советувале двојна ампутација, зашто шансите да ѝ ја спасат левата нога биле мали, Васер одлучила да се бори и да ја спаси својата нога.

Сепак, без разлика на сето она низ што поминува, Лорен Васер е благодарна што е жива и сака што повеќе жени да бидат свесни за опасноста што може да ја предизвикаат тампони, пишува британски „Индепендент“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top