Поранешната грчка министерка за надворешни работи Дора Бакојани на Твитер напиша дека грчкиот министер за одбрана Панос Каменос за време на владеењето на Костас Караманлис, кој беше премиер на Грција од 2004 до 2009 година, два пати прифатил сложено име со географска одредница за спорот за името.
Ο κ. Καμμένος δύο φορές κατά την περίοδο διακυβέρνησης Καραμανλή, είχε ψηφίσει τη σύνθετη ονομασία, με γεωγραφικό προσδιορισμό, erga omnes (έναντι όλων) που ήταν η βασική θέση πού είχε γίνει αποδεκτή από το σύνολο της Βουλής (πλην ΛΑΟΣ) και με την οποία πήγαμε στο Βουκουρέστι.
— Ντόρα Μπακογιάννη (@Dora_Bakoyannis) December 19, 2017
„Каменос два пати за време на владеењето на Караманлис гласаше за сложено име, со географска одредница, ерга омнес, што беше национална позиција, прифатена од сите, освен од Лаос, со која заминавме на Самитот во Букурешт“– напиша Бакојани.
Каменос вчера изјави дека остануваат на позицијата утврдена во 1992 година на средбата на партиските лидери под покровителство на тогашниот претседател Константин Караманлис дека терминот „Македонија“ во името на соседната држава не е прифатлива опција за Грција. За промена на таа позиција, вели ќе биде неопходен нов состанок со актуелниот претседател Прокопис Павлопулос.
Ставот на Каменос, според грчките медиуми, создава загриженост и во редовите на владејачката СИРИЗА, на премиерот Алексис Ципрас.
Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас вчера во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ изјави дека спорот за името мора да се реши со компромис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст