| четврток, 6 декември 2018 |

Брканица како на филм: Украле џип, додека сопственикот пазарел во тобако!

Фатени двајца разбојници по кражба на џип „Ланд Ровер“ од кои едниот од нив бил на издржување затворска казна, а делото го извршил за време на дневен излез.

Како што соопшти МВР И.Р. (28) и З.Ф. (31), двајцата од Скопје на 13-ти минатиот месец, околу 8:40 часот се движеле пеш по улица „Московска“ и, забележале како пред тобако се паркирало патничко возило-џип и дека сопственикот влегол да пазари во тобакото, а џипот го оставил да работи. Тие ја искористиле приликата, влегле во возилото, го одзеле и побегнале во непознат правец. Сопственикот ги забележал како влегуваат во возилото и се обидел да ги спречи, се фатил за рачката од совозачката врата за да ја отвори, но пријавените успеале да побегнат.

Веднаш по добивање на пријавата, била започната потрага и возилото со пријавените било забележано и следено од Скопје до с.Ласкарци. По пристигнување во с.Ласкарци, И.Р. и З.Ф. ја намалиле брзината, скокнале од возилото и избегале. Возилото му било вратено на сопственикот, а со направените ДНК и други вештачења било утврдено дека И.Р. бил учесник во настанот. Тој во целост го признал и појаснил извршувањето на кривичното дело. Исто така од Казнено поправната установа Идризово, во Полициската станица Карпош бил донесен З.Ф., кој бил препознаен од оштетениот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top