| четврток, 6 декември 2018 |

Нема бојкот на наставата поради загадувањето

Загадувањето на воздухот ги зовре социјалните мрежи. Дел од родителите бурно реагираа дека надлежните не преземаат соодветни мерки да се намали проблемот.

Најавија дека нема да ги пуштат децата во училиште во знак на протест поради загадувањето. За само 24 часа над 600 граѓани се изјасниле дека ќе се придружат на акцијата, а над 2.000 се изјасниле дека се заинтересирани и тие да ја бојкотираат наставата, но денеска не се случи бојкот во училиштата кои беа спомената на социјалните мрежи.

Мерните станици денеска покажуваат дека загаденост на воздухот над дозволените граници има во Лисиче и Миладиновци.

Граѓаните дишат на жабри, повикуваат на бојкот, Шилегов останува глув

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top