| четврток, 6 декември 2018 |

Први скици од венчаницата на Меган Маркл (фото)

Правилата се менлива категорија кога станува збор за идната сопруга на принцот Хари, актерката Меган Маркл.

Сите досегашни невести во кралското семејство за своите венчавки избираа британски дизајнери. Сепак, изгледа дека Меган има малку поинаков план.

Нејзиниот тим побарал од израелската дизајнерка Инбал Дрор да предложи неколку дизајни на фустани кои актерката би можела да ги носи на својата венчавка со принцот, што треба да се одржи на 19-ти мај следната година. Дел од скиците се појавија и во медиумите.

-Треба да се напомене дека станува збор само за прелиминарни скици, кои не биле дадени од дизајнерката. Таа сè уште не знае како цртежите се нашле во јавноста, вели портпаролот на Инбал.

Иранската дизајнерка инаку е позната по своите провокативни креации, со впечатливо деколте и сирена линија без ракави.

Дали Маркл ќе ја избере неа или сепак ќе се определи за некој британски дизајнер, останува допрва да видиме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top