Новинарот бил убиен од неидентификувани напаѓачи додека бил на приредба во училиштето на своето дете.
Мексиканскиот новинар бил убиен на божиќната приредба во основно училиште во градот Халапа, во државата Веракруз, јавува AP.
Како што соопштиле силите за безбедност, 34-годишниот новинар Гумаро Перес Агиландо, бил убиен во присуство на десетина родители и деца.
Journalist Gumaro Perez Aguilando shot dead at his child's school's Christmas party in #Veracruz; 10+ journos have been murdered in #Mexico 2017. #Veracruz Gov. Miguel Angel Yunes ordered state police to protect to Aguilando's family https://t.co/maA85QX5pF via @telegraphnews
— Flamenco Nut ❄️ (@flamencobug) December 20, 2017
Агиландо бил убиен од неидентификувани напаѓачи додека бил на приредба во училиштето на своето дете.Гувернерот на Веракруз, Мигел Анхел Јунес, го осудил нападот и рекол дека и наредил на државната полиција да му обезбеди заштита на семејството на новинарот.
Desde 2015, el periodista Gumaro Pérez Aguilando de #VozdelSur y colaborador del #DiariodeAcayucan era parte de un programa preventivo de agresiones: @CEAPP_V < @JairAvalosL https://t.co/BPV8btxH67 pic.twitter.com/ON357Rl2XJ
— EjeCentral (@EjeCentral) December 20, 2017
Перес Агиландо известувал за криминалот за повеќе локални медиуми, а работел и за локалната влада. Најмалку 10 новинари биле убиени во Мексико оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст