Бернард Ло, кардиналот обвинет за злоупотреба на деца по кој во 2015 година беше снимен филмот „Спотлајт“, почина на 86 години во Рим. Ло беше именуван за бостонски надбискуп во 1984 година, но се повлече од функцијата во 2002 година по низа извештаи на истражувачки тим од весникот „Бостон глоуб“ кои пишуваа за злоупотребувањето деца.
Во овие извештаи се наведуваше дека десетици свештеници кои сексуално злоупотребувале деца со години, се преместувани од една во друга парохија за време на мандатот на кардиналот Ло, а за тоа не биле известени ниту парохиите, ниту полицијата.
Истражувањето разоткри и други случаи на злоупотребување во 102 градови во САД и 105 бискупии ширум светот.
Кардиналот Ло беше обвинет за преместување на свештеници педофили од една во друга парохија, наместо да се соочат во обвинувања. По заминувањето од Бостон, тој се вработи во Ватикан, каде работеше до 2011 година.
Бостонската надбискупија во јануари 2002 година ја потресоа наводи за сексуално злоупотребување кое во текот на неколку децении го извршиле десетци свештеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст