| четврток, 6 декември 2018 |

Владата го утврди предлог законот, договорот со Бугарија утре оди на ратификација во Собрание

Договорот за добро соседство со Бугарија помина на вечерашната седница и утре ќе биде испратен на ратификација во македонското Собрание, објави вечерва портпаролот на владата на социјалните медиуми.

– Го утврдивме предлог на законот за ратификација на договорот за пријателство добрососедство и соработка помеѓу Република Макдонија и Република Бугарија. Овој предлог на закон утре оди во собранието на Република Македонија, вели во својата видео објава на твитер Бошњаковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top