| четврток, 6 декември 2018 |

Татковците добиваат пет месеци породилно

Владата на Шведска со цел да го зголеми уделот и на двајцата родители во подигнувањето на децата, одлучи татковците да добиваат пет месеци платено породилно отсуство. Доколку не сакаат , мажите имаат право и да не го користат породилното . Според актуелниот закон, за секое дете мајката добива 480 дена платено породилно отсуство
, што може родителите да го делат , доколку сакаат . Од овие денови , 390 дека се платени во износ од 80 проценти од платата што ја земале . Најамлку три месеци од породилното може да го користи и другиот родител .

Владата препорачува најдолгиот период да биде пет месеци , за да се зголеми рамноправноста на половите во чувањето на децата . Шведска е една од земјите во Европа со најлиберална политика за родителство со тоа што уште во 1971 година им овозможи и на мажите да користат породилно отсуство .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top