| четврток, 6 декември 2018 |

Џаред Лето му порача на Бојко Борисов: Заштити го Националниот парк Пирин!

Светски познатиот актер и музичар Џаред Лето на својот Твитер профил го повика бугарскиот премиер Бојко Борисов да го заштити Националниот парк Пирин.

– Бојко Борисов, Ве молам, заштитете го Националниот парк Пирин од прекумерната сеча заради профит и од скијачката инфраструктура. Спасете го Пирин. Нашето наследство е под закана. Преземете нешто веднаш!, напиша тој.

И Фондацијата на Леонардо Ди Каприо испрати слична порака за заувување на „со векови старите шуми“ во тој Национален парк во Бугарија.

независен.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top