| четврток, 6 декември 2018 |

ФСБ: Околу 4.500 руски државјани се борат на страната на терористите

Околу 4.500 руски државјани заминале во странство за да се борат против страната на терористите. Ова го изјави Александар Бортников, директор на Руската Федерална Служба за безбедност (ФСБ), во интервју за весникот „Росискаја газета”.

– Околу 4.500 Руси заминале во странство за да се борат на страната на терористите, рече Бортников.

Руските безбедносни служби зборуваа за околу 2900 руски џихадисти досега, од кои повеќето се од нестабилните муслимански републики на Кавказ. За нив се укажува дека се борат со страната на терористите во Ирак и во Сирија.

Според Бортников, повеќе од 9.500 лица се осудени во Русија во изминатите пет години за тероризам или екстремизам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top