Српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Руската Федерација Владимир Путин вечерва ги завршија билатералните разговори во Москва, по што потпишаа серија договори за соработка во различни области.
Путин пред новинарите истакна дека разговорот бил искрен и содржаен и најави натамошен развој и јакнење на односите меѓу двете земји.
Рускиот претседател, на заедниќката прес-конференција со Вучиќ истакна дека Русија ќе продолжи со поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија.
Тој додаде дека Русија ќе ја поддржи секоја одлука за Косово што ќе биде постигната меѓу Белград и Приштина, нагласувајќи дека решението треба да се постигне со политички средства, во дијалог на двете страни и да биде во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.
– Русија е заинтересирана за стабилизација на ситуацијата во регионот. Руската страна ќе продолжи со поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија, рече рускиот претседател.
Путин потенцира дека со Вучиќ најмногу разговарале за економската соработка со оценка дека таа е во пораст и дека така ќе се продолжи. Воедно тој најави дека Русија ќе ги покрие потребите на Србија за гас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


