После разговорот со генералниот секретар на ОН, словачкиот премиер Роберт Фицо изјавил дека на некои држави од Балканот е важно да им се понуди европска перспектива.
Изјавувајќи дека Балканот “повторно почнал да гори“, Фицо додал дека смета оти европската перспектива е неопходна, бидејќи во спротивно, според него, нервозата во регионот ќе почне да расте. Словачката телевизија „TASR” пренесува дека Фицо изјави дека со Антонио Гутереш разговарал и за словачкиот проект чија цел има да се ограничи приливот на мигрантите, а е направен во соработка со неколку други држави.
„Мораме да продолжиме со проектите надвор од ЕУ и да го поместиме прашањето за миграција во овие трети земји. Словачка е спремна да поддржи и одговорни проекти внатре во ОН“ – изјавил Фицо.
Споменал дека е многу важно Обединетите нации да бидат силни, бидејќи како што забележал, ЕУ не е доволно силна да се ангажира повеќе по некои прашања.
„ЕУ во суштина не е присутна во Украина. А немаме влијание ни во ситуацијата во Сирија“ – изјавил Фицо истакнувајќи ја важноста на силните меѓународните организации во слични конфликти, како ОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст