Клуб „Матица“ денеска ја почнува летната книжевна акција „Со книга на плажа“, која ќе трае до 20 август. Читателите и членовите на Клубот „Матица“ го избраа хитот за ова лето, годинава, тоа е најновиот роман на Халед Хосеини „И планините одекнаа” кој, како што соопшти „Матица“, освоил милиони читатели во светот.
Издавачот го издвојува и најновото остварување на Розалинд Лејкер „На бал со кралот“, Линвуд Баркли со „Страв од најлошото“, Стефани Дреј со „Песната и Кринот од Нил“…
Покрај литература од сите македонски издавачки куќи, ќе бидат понудени и изданија од најголемата балканска издавачка куќа „Лагуна”, со попуст до 33 проценти.
Специјален гостин на отворањето на акцијата е македонскиот поет Тихомир Јанчовски, кој од 19 часот пред Клубот „Матица“ ќе ја потпишува својата најнова книга „Староста може, а и не мора да се дочека“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.