| четврток, 6 декември 2018 |

После толку молчење Оливер Драгојевиќ се огласи во врска со болеста

Оливер Драгојевиќ во почетокот на месецов го прослави својот 70-ти роденден, а неодамна се дозна и дека боледува од рак на белите дробив, но за среќа на време им се обрати на лекарите.

Веднаш почнал со хемотерапија, која засега добро ја поднесува.

-Лежам, гледам телевизија. Така сега изгледаат моите денови. Добро сум, одам понатаму. Морам да туркам. Ќе видиме дали сѐ ќе биде во ред после оваа тура хемотерапија. Сѐ е уште многу неизвесно и не се знае што ќе биде – изјавил тој за српскиот магазин Блиц.

На прашањето дали се преплашил кога му била установена дијагнозата одговорил:

-Како и сите луѓе, енергијата ми е нормална, не сум луд да се исплашам. Болеста е болест, секој пати на свој начин и се бори да истрае во своите надежи и да оди напред – рекол тој.

-Не знам зошто јавноста толку ја интересира моето здравје. Имам некој живот кој е приватен и така сакам да биде, но тоа за жал веќе не е приватно, бидејќи толку многу се пишува за мојата болест. Што ли ќе кажат луѓето кои читаат дека сум блен, а толку блни има на светов – рекол пејачот и порачал дека сите треба добро да се грижат и внимаваат за своето здравје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top