| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал: Режисерката Поплавска го одзеде микрофонот и делеше лекции по новинарство – не дозволи одговор за актерските казни

Срамота е како новинар, да прашувате вакви прашања на тематска прес конференција. Сум била новинар и знам што значи да се прашува. Режисерката Наташа Поплавска, надвор од сите етички стандарди – скандалозно му го зеде микрофонот на директорот на МНТ Драган Спасов Дац, не му дозволи да одговори на прашњата, пишува Алфа Тв.

Во текстот кој го обајви Алфа стои дека режисерката жестоко и се спротистави на екипата на Алфа порадо прашањето каде се казните кои токму директорот ги најави за актерите што ја прекинаа претставата „Ничија земја“, во знак на поддршка на притворениот актер Владо Јовановски.

Режисерката на пресот држела и лекции за новинарство, а не прес за мјузиклот „Мама Миа“, директорот на МНТ Драган Спасов Дац се смееше и на крај го одобри чинот на Поплавска, а никој од актерите, кои очигледно беа збунети од однесувањето, не сакаше да одговори на новинарските прашања.

Инаку 18 актери од Македонскиот народен театар во знак на револт поради притворот на нивниот колега Владо Јовановски, на почетокот од месецов не ја одиграа претставата „Ничија земја“. Пред почетокот на претставата актерите излегоа на сцена и на публиката и кажаа дека таа нема да се одигра, а тоа го прават како поддршка за својот колега.

Веднаш по ова, в.д. директорот на МНТ, актерот Драган Спасов Дац преку Фб статус најави остри казни против актерската екипа.

– Пријатели и љубители на театарот, денеска се случи нешто што не смееше да се случи. СЕ ОТКАЖА ПРЕТСТАВА ВО МНТ. Сите до еден ќе бидат казнети за непослушноста и по разговорот со мене свесни се за проблемот кој го направија. Театарот постои за публиката и такa ќе остане, напиша Дац.

Една недела потоа, непосредно пред почетокот на операта „Набуко“ која беше на репертоарот на МОБ, дел од публиката присутна во салата го искажа својот револт од приведувањето и притворот на оперскиот пејач Игор Дурловски. Публиката скандираше извикувајќи го името на оперскиот пејач во Македонската опера и балет.

Игор Дурловски, Игор Дурловски – скандираше публиката пред почетокот на „Набуко“ во МОБ (видео)

Дурловски е еден од 36-те приведени од МВР, осомничени за тероризам. Тој и неговите колеги се во притвор од 29 ноември, меѓу кои и актерот Владо Јовановски, режисерот Борис Дамовски, твитерџијата Богдан Илиевски, шестмина пратеници, осомничени за настаните во собранието од 27 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top