| четврток, 6 декември 2018 |

Бибер: ЕУ нема како да ја притисне Грција за името

Флоријан Бибер, директор на Центарот за студии за Југоисточна Европа во Универзитетот во Грац и член на советодавната група – Балкан во Европа (BiEPAG) на на денешниот брифинг за европските и евроатлантските интеграции на Македонија Бибер нагласи дека следната година нуди можности за суштинска транформација на регионот, кој во однос на европската перспектива стагнирал над десет години.

– Во нашиот последен брифинг велиме дека ова е моментот не само за Македонија, туку и за регионот, да се обнови проширувањето, да се препознае моментот. Сега постои шанса овој процес повеќе да не биде приказна без крај, туку приказна со јасна цел и рок, рече Бибер.

Нагласи дека процесот во студијата се гледа низ три столба, продолжување на домашните реформите, зголемување на регионалната соработка и поддршката на ЕУ.

Напомена дека ЕУ нема механизми, со кои би притиснала една земја-членка да не влијае врз влезот на некоја кандидатка, во случајот со Македонија за спорот со Грција.

– ЕУ има ограничени способности да изврши притисок врз земја-членка. Унијата може многу да понуди ако прашањето е решено, но има малку средства да изврши притосок тоа да се реши, тоа е структурен недостиг. Тоа не е само случајот со Грција, туку и со други земји-членки кои имаат меѓусебни спорови, некои имаат проблеми со владеењето на правото, слободата на медумите, а ЕУ нема механизми да ги притисне, вели Бибер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top