Потребно е да се изгради национален консензус за името, а многу од тие елементи на национален консензус во моментов не се јасни, порача денеска шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
– Интензивно се работи на градење на консензусот, во кој треба да бидат вклучени, граѓаните, политичките фактори, инстутициите, сите. Процесот е отворен и трае. Важно е тој процес да заврши, бидејќи на тој начин позицијата на Македонија ќе биде посилна, порача Димитров.
Тој ова го истакна на денешниот брифинг за европските и евроатлантските интеграции на Македонија со професорот д-р Флоријан Бибер, директор на Центарот за студии за Југоисточна Европа во Универзитетот во Грац и член на советодавната група – Балкан во Европа (BiEPAG).
Ова прашање, според Димитров, има таква природа, поради што не може да се реши без граѓаните.
Коментираќи ја изјавата на претседателиот на Собранието Талат Џафери дека Парламентот има легитимитет да одлучи во насока на решавање, наместо прашањето да оди на референдум, рече дека референдумот е изборно ветување на сите големи партии.
– Прашањето има таква природа што ако не може да се реши одржливо, ако не се прашаат граѓаните, ако нема консензус, ако има внатрепартиски битки, ќе дојде до слабеење на нашата позиција, рече Димитров.
Изјавата на грчкиот министер за одбрана Панос Камонс, чија партија Независни Грци е помал коалициски партнер во грчката Влада, дека нема да прифати зборот „Македонија“ да биде содржан во името на северниот сосед, ја оцени како изјава од некој друг век.
– Сметам дека таквите изјави не водат кон решение, факт е дека наша грижа треба да биде што ние од наша страна можеме да направиме. Наша одговорност е ние да постигнеме национален консензус. Кој, какви ставови има во владината коалција во Грција е нивна одговорност. Ова е 2017 година, ние сме во Европа и таквиот став не е соодветен и не оддалечува од намдинување на проблемот, вели Димитров.
Тој не сакаше да говори за конкретни предлози, за тоа дали за државниот врв е прифатливо име со географска одредница, со која ќе се заштити идентитетот или пак споменуваното „Нова Македонија“, напоменувајќи дека доколку во оваа фаза зборува за евентуални предлози може само да им наштети на напорите во таа насока.
– Кога трае процесот на преговорите ако се зборува јавно и прецизно за елементите од прашањето, каде тоа ќе се употребува, од неговиот опфат, зависи и подотвеноста за прифаќање на компромисот, рече Димитров.
Тој очекува Македонија да биде вклучена во Стратегијата за проширување на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст