| четврток, 6 декември 2018 |

Груби: Арбр Адеми ќе биде заменик-министер за образование

Заменик-министер за образование и наука ќе биде Арбр Адеми, а на Алијансата на Албанците и е понудено да ги предводи реформите, но, за жал, се бара нешто друго што не е дел од владината Програма, изјави денеска Артан Груби од ДУИ.

Одговорајќи на новинарски прашања по конференцијата „Патот понатаму на Република Македонија“, Груби истакна дека според ДУИ затворено е се што се однесува до составот на Владата.

– Ситуацијата е решена, парламентарното мнозинство е стабилно и без и со партијата на Зијадин Села, подвлече Груби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top