Жителите на саудискиот главен град Ријад денеска слушнале силна експлозија, која, според првичните информации, била предизвикана од пресретнувањето на ракета истрелана кон градот.
Јеменското шиитско движење Хути соопшти дека истрелале балистичка ракета кон Ријад, а според првичните информации, проектилот бил пресретнат во воздух, пред да го погоди градот. Саудиската армија е опремена со американски противракетни системи „Патриот“ кои служат за пресретнување на балистички ракети. На почетокот на ноември, саудиската армија пресретна ракета која беше лансирана кон меѓународниот аеродром во Ријад, повторно од територијата на Хутите во Јемен.
Иран и Саудиска Арабија се вмешани во граѓанската војна во Јемен, каде Иранците ги помагаат шиитските Хути, додека Саудиска Арабија доставува оружје и воено интервенира на страна на сунитските Арапи и јеменската Влада. Хутите се заканија дека ќе извршат напади врз Саудиска Арабија да се одмаздат за саудиската улога во крвавата граѓанска војна.
Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли неодамна одржа прес конференција на која зборуваше за ракетата, која беше истрелана кон аеродромот во Ријад минатиот месец, и обвини дека се работи за проектил од иранско производство, кој им бил доставен на Хутите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст