| четврток, 6 декември 2018 |

Долг од 250 илјади евра: Градоначалникот на Ранковце нема Фејсбук, зашто општината има струја, интернет, телефон

Поради долг од 250.000 евра е блокирана сметката на Општината Ранковце, исклучен е интернетот и телефоните, а нема пари ни за основните потреби: хартија, тонер, гориво. Градоначалникот Ивица Тошевски вели дека општината е под целосна блокада.

– Поради долг од 40.000 евра исклучено ни е уличното осветлување, што е неправдено кон жителите кои редовно си ги плаќаат сметките, а некој ги пренаменил и потрошил парите. Постои опасност без струја да остане и општинската зграда поради долг од над 20.000 евра, ако не се договориме со ЕВН да плаќаме на рати. Дека состојбата е катастрофална покажува и податокот дека е исклучен телефонскиот број 193 во Противпожарниот дом – вели градоначалникот Тошевски, кој на локалните е избран како независен кандидат.

Градоначалникот на Општина Ранковце Ивица Тошевски е единствениот градоначалник во државата кој нема фејсбук профил.

Градоначалникот Тошевски за сдк.мк вели дека имал профил додека бил вработен како командир во СВР Куманово, но го изгаснал откако бил споменуван во бомбите.

-Не сакав да бидам злоупотребуван како вработен во МВР и затоа го угасив профилот. Пред локалните избори не го активирав затоа што во мали места сите се знаат, па политичките опоненти кога ќе видат кои ми се пријатели и кој ми лајкнува слики ќе им вршат притисок и ќе ги поткупуваат за изборите. Откако победив на локалните избори и станав градоначалник не ми дошло до Фејсбук, главата не знам каде ми е од проблеми. Немам со што да се пофалам. Општината е задолжена со 250.000 евра и целосно сме блокирани, па не можеме да комуницираме ни со институциите со кои треба секојдневно да соработуваме, а не да пишувам по социјалните мрежи, вели градоначалникот Тошевски, кој на локалните е избран како независен кандидат.

Градоначалникот вели дека по неодамнешните поплави во општината ангажажирал свои пријатели со механизација да ги расчистат патиштата, затоа што нема општински пари да плати.

Општина Ранковце е рурална општина со 4.500 жители, кои се занимаваат со земјоделство и сточарсто, без ниту еден стопански капацитет. Таа беше една од четирите општини во државата каде во предходниот мандат градоначалникот беше од СДСМ, па немаше помош од централната власт, а наследила и големи долгови од предходната власт кои не можела да ги враќа. На советниците во Советот на Општината не им се исплатени паушали за последните 5 години.

Градоначалникот излезот од ваквата состојба ја гледа во реализација на проекти и довршување на процесот на децентрализација со која општините ќе добиваат повеќе пари од централниот буџет и од наплатата на даноците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top