| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на постхумно објавената збирка поезија од Зорица Лојпур Богдановски

Промоцијата на постхумно објавената збирка поезија „Песме које се цртају“ (Песни што се цртаат“) од Зорица Лојпур Богдановски, нејзината прва и единствена објавена книга, во издание на Библиотеката „Вук Караџиќ“ од Крагуевац, Србија, ќе се одржи на 20 дeкември во 20 часот во галеријата на МКЦ.

Во текот на 35 години работа во МКЦ Зорица Лојпур Богдановски организирала голем број на дебитантски изложби и други медиски проекти на млади, пред се, македонски, уметници. Најголемиот број од текстовите во каталозите на тие изложби го носи нејзиниот потпис, а Ликовната галерија на МКЦ била во тој период била една од водечките галерии во Скопје.
Книгата ќе ја претстави писателката Румена Бужаровска. Поетесата Магдалена Хорват ќе прочита избор од песните на Зорица Лојпур Богдановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top