| четврток, 6 декември 2018 |

Дел од Кавадарци денеска без вода

Дел од Кавадарци од ноќеска е без вода за пиење поради дефект кај водоводната мрежа на улицата „Ленинова“.

– Без вода се жителите од оваа и од улицата „Димката Габерот“, како и населението од другите улици околу училиштето „Тошо Велков Пепето“, информираше Бојан Атанасов, раководител на работната единица за водовод и канализација при Јавното претпријатие „Комуналец”.

Нагласи дека нивна екипа е на терен и интензивно работи на отстранување на дефектот. Изрази надеж дека тоа ќе се случи во најбрзо време и жителите од тој дел на градот ќе имаат нормално водоснабдување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top