Во заедничка акција на полицијата и правосудните органи на неколку земји, откриена е организирана криминална група вмешана во производство и трговија на дроги, при што уапсени се најмалку осум лица, соопшти Европол. Во заедничката акција учествувале органи за спроведување на закони и полиција на Полска, Холандија и Исланд, а со помош на Евроџаст и Европол. Како што се наведува во соопштението, припадниците на криминалната група биле претежно полски државјани.
Во акцијата биле пребарани над 30 локации и одземени се неколку различни видови на дроги. За време на апсењето пронајдени се и одземени автомобили, станови, банкарски сметки и околу 1,8 милиони евра. Акцијата на следење на осомничените лица и финансиската истрага траела околу два месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст