| четврток, 6 декември 2018 |

Лекови пиев поради мажите: Рада Манојловиќ си ја отвори душата и проговори за непроспиените ноќи

Иако важи за една од најпопуларните и најбарани пејачки на српската естрадна сцена, Рада Манојловиќ успеала да остане присебна и нормална и кога е во прашање односот кон публиката, но и разговорот со медиумите.

Новинарите со Рада се сретнаа кај нејзиниот шминкер Бојан Вукадинов, во чиј салон искрено зборуваа за работата со Харис Берковиќ, за предбрачниот договор, лековите за смирување, пишувањата дека го изгубила бебето и многу други работи за кои досега пејачката детално не говорела.

Лековите ги пиеше поради бурните врски или поради работата?

-Лековите ги пиев поради мажите. Што се однесува до работата, тука секогаш знаев што да направам и тогаш некако сѐ држев под контрола. Кога ти си главна и одговорна што сѐ однесува на сѐ, ти си своја на своето, на свој терен. Вака кога врската е во прашање, кога имаш тука и друга личност со тебе, никогаш не знаеш како таа личност ќе се однесува и тогаш по некое време, кога ќе сфатиш дека таа сигурно те сака, но на некој свој начин, кој повторно не одговара онака како што ти би сакал да бидеш сакан, тогаш на сцена доаѓаат тие апчиња затоа што не знам што друго да правам. Тој е добра личност е, сѐ е супер, но не е тоа што мене ми треба и тогаш знам дека тоа мора да прекине и тогаш почнуваат непроспиените ноќи кога мозокот секогаш ми е вклучен. Тие непроспиени ноќи ми се случуваат само пред раскинувањето, пред новиот спот и пред шминкањето кај Бојан затоа што никогаш не знам дали исто ќе ми ги нашминка двете веѓи, вели Рада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top