| четврток, 6 декември 2018 |

Петре ќе кити за Василица (фото)

Вечерва Град Скопје ја накити елката на плоштадот Македонија. Неколку десетици граѓани заедно со своите дечиња го проследија настанот.

Освен елката, беа поставени и 3 реда светилки на улица Македонија.

Се чини предновогодишната атмосфера годинава го одмина Скопје. За разлика од другите главни градови во Европа и регионот, во главниот град на Македонија годинава многу слабо се украсува. Елката и трите реда светилки засега се единствените украсни реквизити кои придонесуваат во предновогодишната атмосфера.

За разлика од минатите години, во овој период, поради тоа што центарот на градот не е украсен, раздвиженоста во центарот на градот е намалена. Граѓаните цинично коментираат дека можеби за Василица, градскиот татко Петре Шилегов, ќе реши да го накити градот.

Инаку, Шилегов донесе одлука годинава да се откаже новогодишниот концерт кој традиционално секоја година се одржува на плоштадот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top