| четврток, 6 декември 2018 |

Бојковски: Немојте да ги судите луѓето што си ја бранеа татковината, судете ги тие што убиваа луѓе

Зоран Заев свесен ли си што правиш? И свесен ли си кого затвораш? Свесен ли си дека затвораш мајки на малолетни деца? Малолетни луѓе? Затвори млад човек од Црешево, Гази Баба, затвори татко и син, уште ќе затвораш? Затвориме и мене и сите од Гази Баба и сите од Македонија, но господ ќе ти суди, ова вака нема да ти помине, ова на вечерашниот протест пред Истражниот затвор во Шуто Оризари го истакна Тони Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Браќа и сестри што сте во притворот со вас сме цело време па макар и нас да не затворат и да дојдеме кај вас. Не се плашиме од вас, колку години и да бидеме во затвор ќе излеземе и ние Македонија пак ќе си ја задржиме. Не се радувајте се што ќе смените се ќе си вратиме назад, сменете го името, ќе си го вратиме назад, не си играјте со народот бидејќи тој е при крај со живците, немојте да ги судите луѓето што си ја бранеа татковината, судете ги тие што убиваа луѓе, а не да ги пуштате нив, вели Бојковски.

Тој додава дека Заев не треба да си игра со народот бидејќи господ ќе му суди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top