| четврток, 6 декември 2018 |

Домаќин се соочил лице во лице со разбојникот и го убедил дека нема пари

Во прилепско се случила кражба во обид во домот на прилепчанецот Д.С. кој се соочил со разбојникот. Немајќи што да украде, 53-годишниот разбојник Т.М. си заминал од куќата со празни џебови, велат од МВР.

Според полицијата Т.М. од делото Ореше, влегол во домот на Д.С. и му вперил пиштол кон устата, со закана дека ќе го уби доколку не му даде пари. Домаќинот му кажал дека нема пари, по што Т.М. го напуштил неговиот дом.

Против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво во обид“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top