Првиот снег ни ена прагот, а ако и годинава зимата потрае како лани, голема е веројатноста едно утро да си го најдеме автомобилот затрупан во снег. Сепак, постои брзо решение за најголемиот кошмар на секој возач.
Најважно е да не паничите без разлика во какво невреме се наоѓате. Останете присебни и следете ги овие упатства.
Немојте да ги вртите тркалата и не давајте голем гас. Така можете уште повеќе да го закопате во снег. Наместо тоа, менувачот ставете го во најниската брзина и обидете се полека да се движите напред-назад додека не ги поминете снежните пречки околу себе. Ако не ви успее, посипете малку сол по гумите и околу нив. Добро е зимно време да си носите кутија сол во колата.
Средствата за одмрзнување или за миење на стаклото исто така може да ви помогнат за да се стопи снегот околу гумите, но тоа се советува дури ако не ви успее ништо друго. Повикајте служба за итни интервенции ако се работи за итна ситуација или ако не се чуствувате безбедно. Тие ќе ве поврзат со служба која ќе ви помогне или ќе ве посоветува што можете да направите.
Ако не се работи за итен случај и не успевате никако да се извлечете, повикајте шлеп служба која ќе ве извлече од снегот. Ставете триаголник за да ве забележат другите возачи на време. Исчистете го целиот снег и лед од ауспухот за гасовите да не влегуваат во возилото. Останете во возилото додека помошта не стигне. Угасете го моторот и палете го на секои 10 минути за да се задржи топлината и малку да се стоплите и вие и автомобилот.
Одење по длабокиот снег или силна бура не е паметно бидејќи со тоа ризикувате да се изгубите, смрзнете или да ве удари друг возач кој поради временските услови нема да ве забележи на време.
Пред да патувате зиме, добро е да ја проверите состојбата на вашиот автомобил и што се имате во кутијата за итни ситуации.
Затоа во зима задолжително направете го следново:
-Проверете го притисокот во гумите
-Проверете ги сите течности во автомобилот и наполнете ги ако немате доволно
-Наполнете го багажникот со течност за прозорци од замрзнување
-Проверете ги бришачите-заменете ги гумичките на нив ако пукнале, напукнале или паѓаат од бришачите
Во кутијата за итни ситуации во зима е најдобро да имате:
-рачна стругалка за стакло
-мала метла
-рачна батерија
-сол за посипување или песок
-ланци за гуми
-вода и грицки
-Дополнителни ракавици, шал и капа
-Ќебе и основни лекови како аспирин или аналгин
Ако живеете во места во кои снегот обично паѓа секоја зима, лопатата е корисен додаток на оваа листа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст