Предлог-законот за високо образование имаа можност први да го добијат ректорите на универзитетите од Македонија на потишувањето на Декларацијата за универзитети без корупција. Предлог-законот денеска ќе биде објавен и на ЕНЕР, а со тоа ќе биде ставен на јавна дебата за сугестии за негово подобрување.
– Во предлог-законот предвидени се повеќе механизми за борба против корупцијата, како што се транспарентност на носење одлуки во универзитетите, деконцентрација на моќта, учество на студентите во одлучувањето, механизми за департизирање на одредени постапки кои се спроведуваат, информираше министерката за образование Рената Дескоска.
Предвидено е, рече таа, и да се избере овластено лице за прием на пријави на корупција кај кое пријавувањето ќе биде анонимно. Тоа лице ќе го избира Сенатот за период од две години и истото ќе го информира Сенатот за својата работа.
За политиката на отворена врата и достапност на студентите говореше Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, кој нагласи дека УКИМ е целосно посветен во примената на законската рамка вклучително и на новиот закон за заштита на укажувачите.
– Против корупцијата можеме да се бориме ефикасно само тогаш кога сме заедно, организирани и сплотени, порача Јанкуловски пред професорите и ректорите и нагласи дека секој има обврска да ги елиминира потенцијалните негативни појави но и да се создадат капацитети за ефикасно спречување.
Декларацијата за универзитети без корупција ја потпишаа ректорите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, „Св. Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, Југоситочна Европа, „Св. Апостол Павле“, „Мајка Тереза“ и проректорот од Универзитетот во Тетово.
По потпишувањето се одржа и тркалезна маса, а професори од сите универзитети дебатираа за тоа како универзитетите да го применат Законот за заштита на укажувачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст