На регионалниот пат Тетово-Јажинце, во близина на Слатино, вчеравечер околу 21 часот и 20 минути се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила со тетовски регистерски таблици „Сеат кордоба“ управуван од 23-годишниот К.Б. од Долно Палчиште и „Ауди А4“, што го управувал 32-годишниот А.Ф. од Одри.
-Во несреќата, возачот А.Ф. и двајца сопатници од „Аудито“ се здобиле со тешки телесни повреди (фрактури на рацете), а возачот на „Кордобата“ и другите 4 сопатници од „Аудито“ завршиле со телесни повреди. По укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница, сите повредени пуштени се на домашно лекување, информираат од СВР Тетово.
Според првичните сознанија од увидот, причина за несреќата е недржење страна, а вкупната материјална штета се проценува на 150 илјади денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст