| четврток, 6 декември 2018 |

Детска игра заврши со повик до противпожарната служба, требало да се извади дете од сеф

Играта на две братчиња од Берлин, заврши со повик до пожарникарите, откако помалото момче се скрило во домашниот сеф, па останало заглавено три часа, пред спасувачите да го извадат оттаму.

Присутните од семејството сфатиле каде е детето, но не можеле да го отворат сефот, бидејќи не ја знаеле шифрата. Единствен кој ја знаел бил неговиот дедо, кој во тој момент не бил дома.

Откако пожарникарите не ја погодиле вистинската комбинација, морале со цевка да внесуваат кислород во сефот за момчето да може да дише.

Три часа подоцна, кога идејата сефот да се искрши, била сè поприфатлива, некој ја погодил шифрата и момчето било спасено.

Берлинска Противпожарна служба на Твитер објави дека детето е во ред, а спасувачот Томас Кирстен го нарече „подранет божикен подарок“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top