
За прв пат професионален дресер на кучиња од Охрид изготви посебна програма со предлог мерки кои во кратки рокови би можеле трајно да го решат проблемот со кучињата.
Ефто Стојаноски во неговата програма која деновиве ќе допатува до Владата и локалните самоуправи предлага изградба на мини стационари и шинтерска служба. Тој вели дека најавите за модерни регионални стационари се нереални и скапи, и дека најдобро е кучињата скитници да се заловуваат, да се носат во мали стационари со неколку бокса, таму да се дресираат или припитомуваат, а доколку тоа не успее, тогаш да се усмртуваат.
-Предлозите за модерни стационари, според мене, се нереални. Тоа е огромен финансиски трошок и за македонските општини тоа е неизводливо. Во иднина може ќе биде изводливо, а дотогаш предлагаме да се отворат мини стационари од неколку бокса со шинтерска група, која ќе ги заловува само кучињата кои прават проблеми, опасните кучиња“, вели Ефто Стојаноски, професионален дресер на кучиња.
Главната причина за се позачестените напади според Стојаноски е поради неправилното дресирање и чување. Тој предлага и измени во законот за сопствениците кои чуваат поагресивни кучиња, задолжително да ги водат со корпа.
-Има кучиња од раси кои што воопшто не реагираат, изгледаат питоми и навистина се питоми. На пример питбул, стафорд, ротфајлер, тие се раси кои реагираат питомо и сопствениците се во заблуда дека кучето им е питомо, но е многу опасно за бебиња и деца под четиригодишна возраст. Кучето реагира питомо, но одеднаш ќе направи некоја трагедија. Таквото куче мора да се носи со корпа на улица, вели Стојаноски.
Ситуацијата со кучињата е посебно алармантна во Охрид. Од вчера до денес пријавени се неколку напади, а во меѓувреме низ центарот на градот отруени се повеќе од 15 миленици. Во ек на најголемата гужва, сликата која градот ја испраќа на бројните туристи е катастрофална. Локалните активисти бараат труењата да запрат, а општината да преземе итни мерки.
Инаку во Охрид формално постои шинтерска служба но не функционира, а кучињата со години создаваат опасност за граѓаните и туристите. За ваквиот проблем запознаен е и новиот градоначалник кој во неколку наврати потенцираше дека проблемот ќе го реши, но дека за тоа треба време.
24.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


