| четврток, 6 декември 2018 |

Бил заменик-министер само 2 часа

Бугарскиот премиер Пламен Орешарски вчера го разрешил заменик-министер за внатрешни работи Иван Иванов.

Според бугарската национална телевизија министерот Цветин Јовчев побарал разрешување на Иванов поради негово инволвирање во организиран криминал.

Според БТВ, Иванов во 1995 година водел организирана група во градот Шумен која претходно ја раководел неговиот татко.

Запрашан зошто воопшто бил именуван Иванов за таа позиција, министерот Јовчев вели дека тој не можел да го одбие предлогот на партијата на Иванов.

Пред да стане заменик-министер, бил пратеник во бугарскиот парламент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top