| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарскиот претседател имал „Оф Шор“ сметки ?

Скандал на заседанието на Бугарскиот совет за национална безбедност

Скандалот се случил откако лидерот на радикалниот десничар, лидер на партијата АТАКА, Волен Сидеров, го спречил претседателот Плевнелиев да го отвори вонредниот состанок на советот.

Сидеров буквално му се развикал на бугарскиот лидер барајќи одговор за обвинувањата дека бил инволвиран во договори со офшор-компании и дека ги користел државните авиони за да транспортира концесионери на канадската фирма „Данди прешиус металс“.

– Граѓаните мора да знаат за парите што ги криете на вашите офшор-сметки – му порачал Сидеров на Плевнелиев, кој, пак, побарал од службите да го проверат законот и да видат дали тој може да биде исфрлен од состанокот.

Вонредната седница на Советот за национална безбедност ја напуштил експремиерот Бојко Борисов откако Сидеров почнал кавга и со него обвинувајќи дека не ги запрел западните компании да дојдат во Бугарија и да ги направат граѓаните робови.

На однесувањето на Сидеров не реагирале неговите коалициони партнери во новата влада, лидерот на социјалистите Станишев и на партијата на Турците, Љутви Местан. Станишев реагирал само со барање од состанокот да бидат исфрлени медиумите  што ја хранеле потребата на Сидеров да прави драма.

Од почетокот на новата рунда протести во Бугарија ова е втор скандал на Сидеров, кој е предизвикан од скандалозното именување на контроверзниот медиумски тајкун и пратеник Дељан Пеевски за шеф на Националната безбедносна агенција ДАНС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top